За нас

Инвеститори

Одржлив развој

Кариера

Медиа

Следете нè

Макпетрол АД – Скопје (Управна зграда)
Св. Кирил и Методиј 4, 1000 Скопје
+389 2 311 2144
contact@makpetrol.com.mk

Како „ЕСМ продажба“ го штити јавниот интерес со набавка на гас за четири месеци однапред

Државната компанија „ЕСМ продажба“ вчера објави дека потпишала договор за набавка на природен гас за топланите и за другите потрошувачи во земјата, почнувајќи од 1 јануари 2023 година, со фирмата Balkan Utilities од Бугарија. Како еден од учесниците во овој јавен повик, „Макпетрол“ има низа забелешки и прашања за кои што смета дека јавноста треба да биде информирана, имајќи предвид дека се работи за трошење буџетски пари во време на криза, во исто време кога самата Влада во секоја можна прилика истакнува дека мора да се штеди и да се биде повнимателен со трошењата.

Најпрво, „ЕСМ продажба“ нагласува дека бугарската фирма дала цена од 115.97 евра за мегават час за јануари, а „Макпетрол“ понуди 116.20 евра за истиот период, која што би била подложна на промени. Точно е дека сумата што „Макпетрол“ ја понуди не е фиксирана, меѓутоа, проценките се дека гасот во следниот период ќе биде поевтин, што значи дека цената на македонската компанија многу веројатно ќе биде пониска од таа на бугарската. Впрочем, тоа го знае и „ЕСМ продажба“, бидејќи претходно набавуваше гас за период од 15 дена со цел да се обезбеди што подобра цена. Тука се поставува прашањето како пред јавноста ќе се оправда овој договор, доколку цената што „Макпетрол“ би ја понудил биде пониска за јануари, но и за следните четири месеци, односно до 1 мај, до кога е објавено дека важи новиот договор. 

Според последните пресметки и состојбата на пазарот со природен гас, „Макпетрол“ уште денес би понудил пониска цена за јануари од таа на бугарската компанија. 

Во своето соопштение, „ЕСМ продажба“ наведува и дека природниот гас ќе биде наменет за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас, пред сè, поголемите производствени и услужни капацитети. На овој план, како сето ова би се извело, ако се знае дека меѓу овие потрошувачи има и јавни, односно, државни правни субјекти, кои за да купат природен гас секој засебно мора да се придржува до законот за јавни набавки. Ова значи дека сите тие би требало да си објават свој повик за да обезбедат природен гас.

Конкретно, „Енергетика“, како долгогодишен партнер, од „Макпетрол“ доби цена на природен гас што е пониска од таа која „ЕСМ продажба“ ја договорил со Balkan Utilities. Тука се поставува прашањето зошто овој правен субјект треба да плаќа повеќе ако веќе има обезбедено финансиски поекономична понуда. 

Дополнително, „Макпетрол“ е должен да ја информира јавноста дека и покрај тоа што сите процедури се испочитувани, државната компанија ГА-МА и понатаму не го доставува кодот без којшто тргувањето и набавката на природен гас не би можел да се изведе според новите правила кои што токму државните институции најавија дека ќе важат од први јануари.

Сите овие дилеми отвораат низа прашања, меѓу кои најзначајно е да се знае како „ЕСМ продажба“ го штити јавниот интерес со набавка на гас за четири месеци однапред. Притоа, државната компанија не се потпира на стабилен домашен снабдувач, којшто вработува над 2.000 луѓе во земјата, туку избира странска фирма која што на никаков начин не придонесува во домашната економија.