За нас

Инвеститори

Одржлив развој

Кариера

Медиа

Ценовник

Следете нè

Макпетрол АД – Скопје (Управна зграда)
Св. Кирил и Методиј 4, 1000 Скопје
+389 2 311 2144
contact@makpetrol.com.mk

Контакт за рекламации
reklamacii@makpetrol.com.mk

„Макпетрол“: РКЕ повторно носи одлуки без консултации што ги загрозуваат трговците и стабилноста на пазарот

„Макпетрол“ изразува сериозна загриженост по повод одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, со која признатиот трошок за работење преку склад се намалува на 1,20 денари за литар, односно за околу 30 отсто по литар. Оваа измена е дел од одлуката донесена на 30 март 2026 година.

Станува збор за значајна промена во правилникот која, како и претходната, е донесена без претходни консултации со компаниите што директно учествуваат во снабдувањето и функционирањето на пазарот на нафтени деривати. Вакви суштински интервенции мора да бидат предмет на дијалог со сите засегнати страни.

Особено загрижува што во образложението на одлуката, без основ, се наведува дека целта на измената е заштита на потрошувачите и обезбедување сигурност и стабилност во снабдувањето. Според реалната состојба на пазарот, актуелните услови се исклучително сложени, а трговците со нафтени деривати веќе подолг период работат под силен финансиски притисок. Во услови на нестабилни движења на светските пазари, поради одлуките на РКЕ, трговците се принудени дериватите да ги набавуваат по повисоки цени од малопродажните, што значи работење со загуба.

Затоа, ваквата мерка не придонесува за зголемување на стабилноста, туку напротив, може дополнително да ја наруши одржливоста на работењето во секторот и сигурноста на снабдувањето на пазарот.