За нас

Инвеститори

Одржлив развој

Кариера

Медиа

Ценовник

Следете нè

Макпетрол АД – Скопје (Управна зграда)
Св. Кирил и Методиј 4, 1000 Скопје
+389 2 311 2144
contact@makpetrol.com.mk

Контакт за рекламации
reklamacii@makpetrol.com.mk

Се известуваат сите иматели на обични акции дека, Друштвото согласно Одлуката за плаќање на дивиденда по Годишната сметка на Друштвото за 2025 година (Дивиденден календар) број 0201-36/2-4 од 26.5.2026 година, донесена на XXX-то годишно Собрание на акционери, ќе врши исплата на дивиденда во пари, во брутоизнос од 4.620 денари по акција, со датум на пресек на акционерската книга 16.6.2026 година.

Се известуваат акционерите кои немаат доставено податоци за својата платежна сметка, а заради исплата на дивиденда, да ги внесат во Образецот кој е прилог на ова Известување, и истиот своерачно потпишан да го достават до:

Макпетрол АД – Скопје
ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр.4,
1000 Скопје
со назнака „за Сектор за финансии – за Акционерска книга“,
или на следната e-mail адреса:
dividenda@makpetrol.com.mk

Се повикуваат акционерите – физички лица да ги ажурираат своите податоци, вклучувајќи ја и адресата на живеалиштето, во Централниот Депозитар за Хартии од вредност. Истата ќе се користи за уредна достава на пресметката на данокот на доход, на кој подлежи исплатата по основ на дивиденда.

Образец за пополнување на лични податоци за исполнување на права  по основ на сопственост на акции

Дополнително акционерите – физички лица, кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП.

Сите дополнителни информации можат да се добијат на следниот телефонски
број:
02/ 3146 – 481

Макпетрол АД Скопје