„Макпетрол“ АД: Почеток на уплатата и испораката на екстра лесно масло за домаќинство (EL-1) од 15–ти октомври
Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека од Среда , 15-ти октомври 2025 година, започнува со прием на уплати и испорака на екстра лесно масло за домаќинство (EL-1). Испораките ќе се вршат секој работен ден од 08:30 до 15:30 часот, преку продажните места на „Макпетрол“ АД.
За повеќе информации во врска со начинот на уплата и испорака на екстра лесното масло за домаќинство, потрошувачите можат да се обратат на телефонските броеви според нивното место на живеење, наведени во приложените контакти.