За нас

Инвеститори

Одржлив развој

Кариера

Медиа

Следете нè

Макпетрол АД – Скопје (Управна зграда)
Св. Кирил и Методиј 4, 1000 Скопје
+389 2 311 2144
contact@makpetrol.com.mk

Лојалноста, довербата и взаемната поддршка се темел на заедничкиот успех

Макпетрол негува висока социјална одговорност кон своите вработени и кон општествената заедница.  Притоа, заедничките вредности на компанијата претставуваат основа на нашето делување. Како водечки субјект во снабдувањето со енергенси на македонскиот пазар, на нашите, скоро 1.900 вработени во различни деловни подрачја на компанијата, им нудиме сигурност и поттик за иновации.

Работно секојдневие во Макпетрол

Работните подрачја во групацијата Макпетрол покриваат широк дијапазон на активности, почнувајќи од развој и усовршување на нашите горива, преку сопствено производство на биодизел, до квалитетена услуга и грижа за задоволството на крајните корисници.

Кариера во Макпетрол

Како водечка компанија во дистрибуцијата на нафта и нафтени производи на македонскиот пазар, ние нудиме многу повеќе од обична шанса за кариера. Со деловни активности и широк дијапазон на работни подрачја и близу 75-годишна историја на континуиран успех, нудиме динамична средина за работа и одлични професионални перспективи за нашите вработени. Ние се залагаме за воспоставување на пријатна работна средина и отворена комуникација за ефикасно организирање на работните процеси. Ги мотивираме нашите вработени и им овозможуваме самостојно, но и одговорно извршување на работните задолженија.

Здравје и безбедност при работа

На безбедноста при работа ѝ придаваме највисок степен на приоритет во нашата компанија. Со воведување најстроги норми за заштита при работа и почитување на истите, поставивме солидни темели за спречување на повреди и нарушување на здравјето на нашите вработени. Покрај тоа, преку начинот на организирање и изведување на работните процеси на нашите бензински станици, се трудиме што е можно повеќе да ја спречиме можностa за истекување на горивата и со тоа настанување на пожари и загадување на човековата околина.

Трибина на идеи

Динамичниот развој на сите дејности на Макпетрол, налага неопходност од постојано воведување новитети и подобрувања во оперативното делување. Затоа, ние ги поттикнуваме нашите вработени, преку нивното работно ангажирање и искуство, да предлагаат идеи за подобрување на работните процеси. Секогаш прифаќаме и воведуваме мерки за оптимизација при користењето ресурси, како и мерки за унапредување на заштитата на животната средина. Истото се однесува на проектите за имплементација на нови технички достигнувања, и воопшто, секаков вид предлози што имаат цел да постигнат зголемување на ефикасноста во делувањето на нашата Компанија.