Донација од „Макпетрол“ за основните училишта во Општина Центар
За успешен почеток на учебната година, Општина Центар им подели и ранци на сите првачиња во училиштата, донација од „Макпетрол“.
„Макпетрол“ оваа година одбележува 75 години од основањето, период во којшто голем дел од своите ресурси, време и енергија посветува на доедукација и професионално усовршување на вработените. Компанијата е постојано меѓу најпосакуваните работодавачи во земјата, а една од главните причини за тоа е што им овозможува личен и кариерен развој на членовите на својот тим. Со ова се потврдува вредноста што ја придаваме на образованието и со тоа на ум, ја реализиравме оваа донација на ранци за сите првачиња во Општина Центар со кои, се надеваме, дека ќе ги израдуваме и ќе им помогнеме во совладувањето на училишните предизвици.