За нас

Инвеститори

Одржлив развој

Кариера

Медиа

Следете нè

Макпетрол АД – Скопје (Управна зграда)
Св. Кирил и Методиј 4, 1000 Скопје
+389 2 311 2144
contact@makpetrol.com.mk

Вчера, 23.06.2021 година во Скопје  здружението Конект ги одликуваше новите предводници на Целите за одржлив развој (Sustainable Development Goals – SDGs) на компании, поединци и млади бизнис лидери од компании. На церемонијата за доделување на наградите почесно се обратија заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, г-дин Фатмир Битиќи, постојанатата координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Н.Е. Росана Дуџак и извршната директорка на Конект, г-а Никица Кусиникова.

Преку Целите за одржлив развој бизнисите го усмеруваат влијанието што го имаат да создаваат подобро општество. Добитниците на наградите и признанијата се свесни дека одржливоста е клучен сегмент од бизнис развојот и инспиративни примери на бизниси и поединци кои во секојдневното работење докажуваат дека бизнисот може да биде двигател на oдржливиот развој.

Овој пат „Макпетрол“ АД Скопје е добитник на признание за придонес кон остварувањето на Целите за одржлив развој. Признанието е доделено поради особениот придонес на Компанијата кон зачувување на животната средина изразено преку сопствено и одговорно  производство и продажба на биодизел, современи бензиски и дизел горива според европски стандарди, течен нафтен гас и метан како најеколошко гориво достапно на македонскиот пазар. Сите горива се достапни на современите бензински станици на „Макпетрол“ изградени во согласност со европските и  светските  стандарди во нафтената индустрија исполнувајќи ги притоа  сите безбедносно – технички нормативи. Ова признание е уште една потврда дека „Макпетрол“ е предводник во нафтената дејност во државата, Компанија која секогаш се води од најголема заложба – бескомпромисен и врвен квалитет.

Целите за одржлив развој се прифатени од сите земји членки на ОН и потребно е да се исполнат до 2030 год. Тие се акцискиот план на светот за фер глобализација и подобра иднина за сите. Заедно, преку храбри чекори и соработка помеѓу сите сектори на општеството, можеме да ставиме крај на екстремната сиромаштија, да се бориме против нееднаквоста и да се справиме со климатските промени.