За нас

Инвеститори

Одржлив развој

Кариера

Медиа

Следете нè

Макпетрол АД – Скопје (Управна зграда)
Св. Кирил и Методиј 4, 1000 Скопје
+389 2 311 2144
contact@makpetrol.com.mk

Контакт за рекламации
reklamacii@makpetrol.com.mk

Идеите и акциите на претприемачите претставуваат генератор на економскиот развој, при што несебично и визионерски создаваат рамка за целокупен општествен напредок и за социјална стабилност. Претприемништвото е единствениот познат пат кон развој и благосостојба. Неговиот дух досега го создаде сè она што во светот го знаеме како добро и напредно. Претприемачите ја заговараат, како гаранција за развој на претприемништвото, на претприемачкиот позитивен дух, како и на претприемачката култура и амбиент, улогата на државата која со своите политики ќе осигура и поттикне активизам во решавањето на сите економски и општествени предизвици, односно ќе ја штити индивидуалноста на секој учесник во економските процеси. Улога која ќе обезбеди слобода на меѓусебно поврзување на претприемачите и заштита на сите нивни права. Оттаму, претприемништвото има клучен придонес при воспоставување на отворено, слободно и одговорно општество, насочувајќи го кон развој и општа благосостојба. Поради тоа, Светскиот конгрес на претприемачи се придружува кон напорите за остварување на Целите на одржливиот развој на Организацијата на Обединетите Народи до 2030 година. Имајќи ја предвид огромната важност на претприемништвото, учесниците на Регионалниот самит на претприемачите од Средна и од Југоисточна Европа „300 Најдобри“, одржан во Дубровник на 5.3.2016 година, покренаа иницијатива, а Светскиот конгрес на претприемачи во Загреб 2018 година донесе одлука во иднина, на глобално ниво, да се одбележува 5 март како Светски ден на претприемачите. Токму оваа, 2021 година, е одредена како година во која ќе отпочне одбележувањето на Светскиот ден на претприемачи. Меѓународниот совет за одбележување на Светскиот ден на претприемачи, како централно глобално координативно тело, ги повикува сите претприемачи, компании, организации, институции, локални и регионални заедници, медиуми итн. да се вклучат во одбележувањето на 5 март – Светскиот ден на претприемачи.
[fpc_post_grid]