За нас

Инвеститори

Одржлив развој

Кариера

Медиа

Следете нè

Макпетрол АД – Скопје (Управна зграда)
Св. Кирил и Методиј 4, 1000 Скопје
+389 2 311 2144
contact@makpetrol.com.mk

Контакт за рекламации
reklamacii@makpetrol.com.mk

ВЕРНА ДЕЛОВНА

Во 1998 година за првпат во Р. С. Македонија на пазарот се појавува чип картичката-Верна
која ја лансираше Макпетрол – Скопје.
Сe до денеска овој вид картичка успешно се користи во нашата држава.
Верна картичката е широко распространета во Р. С. Македонија со повеќе од 50.000 корисници.

Предности што ги нуди користењето на Верна платежната картичка

  • Безготовински начин на плаќање;
  • Точна информација кое лице полнело гориво, во кое време и каде;
  • Само овластени лица може да ја користат картичката;
  • Бидејќи секое лице има своја идентификациона картичка и сопствен ПИН код што е таен електронски потпис, се елиминира можноста некој да ја употреби картичката што евентуално ќе биде изгубена или украдена;
  • Можност за добивање евиденција за потрошувачка по секое возило поединечно (до колку корисникот на возилото при полнење гориво ја пријави состојбата на километражата во тој момент);
  • Можност со електронска пошта да Ви ги доставуваме податоците од спецификацијата на поединечните трошења по секоја фактура, а со тоа и можност за Ваша поедноставена и поточна евиденција;
  • До колку имате право на одбивање ДДВ, врз основа на фактура што е за групата возила со право на одбивање ДДВ, може да се одбие ДДВ, а не тоа да се прави врз база на поединечните сметки издадени од продажното место.

Процедура за користење Верна картичка за возила

Секое возило има своја картичка што не смее да се употребува за друго возило Кога ќе пристапите на бензинска станица пред да наполните гориво јасно кажувате дека ќе користите Верна картичка.

Откако ќе наполните гориво картичката се става во соодветен читач, а продавачот подготвува сметка На Ваше барање продавачот е должен да ја внесе и состојбата на километражата, ја давате Вашата идентификациона картичка.

Лично го внесувате својот пин код.

Сметката задолжително се потпишува од двете страни ( купувачот и продавачот).

Ги земате картичките и еден примерок од сметката за Ваша употреба.

Договор за картички “ Верна “ за возила

Договорот се склучува со Вашата компанија што ја презема обврската за плаќање на фактурите. Поединечно се издава картичка за секое возило за кое Вие ќе побарате. На Ваше барање може да се поделат возилата во две групи, и тоа: возила со право на одбивање ДДВ (товарни возила и слично) и возила што немаат право на одбивање ДДВ (патнички возила). За секоја група се подготвува посебна фактура.

Се издаваат поединечни идентификациони картички и ПИН кодови за секој корисник кој Вие ќе го овластите да ги користи возилата. Секој од пријавените корисници може да користи кое било возило, со тоа што се евидентира и бројот на возилото и кој пазарел со картичката од тоа возило. Вообичаено е бројот на корисниците да биде поголем од бројот на возилата.

Периодот за кој се фактурира и валутата за плаќање се согласно потпишаниот договор. На крајот на месецот задолжително се подготвува фактура. Во прилог на фактурата се доставува спецификација за секое поединечно користење на картичките. Спецификацијата ги содржи следниве податоци: број на употребена картичка, П.Е. каде што е пазарено, за кое возило е таа картичка, вид возило, број на сметката, датум на сметката, шифра и назив на стоката, количество, единечна цена и вкупен износ. Трошоците се групирани според корисник и во спецификацијата стои неговиот идентификационен број во фирмата каде што е вработен и целото име и презиме.

Во Договорот се определува дали со картичката може да се пазари стока од целокупниот асортиман на Макпетрол, или можно е да се ограничи дека Договорот важи само за горива.

Лимитот може да се определи на ниво на фирма или поединечно според возила. Условите за обновување на лимитот се определени во Договорот.

До колку при полнење гориво редовно се запишува во сметката и состојбата на километражникот, можно е да се подготви преглед на просечна потрошувачка според возило.

За Верна картичка се склучува договор што се модифицира во зависност од потребите на деловниот партнер. Со авансно и одложено плаќање се склучуваат договори со комерцијалната служба во Макпетрол Скопје, до колку се склучат договори со авансно плаќање, истите се склучуваат во Одделението за Верна картички.

За да се подготви Договор потребно е да ни доставите:

Список на возила за кои сакате да Ви издадеме картички. Списокот треба да ги содржи следниве податоци:

  • Вид возило (со опис дали е патничко или товарно)
  • Регистарски број на возило
  • До колку лимитот е според возило, потребен е лимит искажан во денари поединечно за секое возило;
  • Дали возилото има право на враќање на ДДВ или не.
  • Список на лица, со име и презиме, кои смеат да ја користат картичката и нивен идентификационен број во Вашата компанија. До колку немате идентификациони броеви, наш предлог е да се
    користи податокот на првите пет броја од ЕМБГ.

Контакт за Верна деловни картички

Најава на апликацијата

Контакт телефони за договори: 3146 172.
Контакт телефони за информации: 3146 245, 3146 232.