За нас

Инвеститори

Одржлив развој

Кариера

Медиа

Следете нè

Макпетрол АД – Скопје (Управна зграда)
Св. Кирил и Методиј 4, 1000 Скопје
+389 2 311 2144
contact@makpetrol.com.mk

Нова бензинска станица на „Макпетрол“ во Велес

Компанијата отвори нова бензинска станица во градот Велес која се придружува на современата мрежа на бензински станици на „Макпетрол“ низ државата. Оваа бензинска станица, исто како и останатите, е опремена според највисоките светски стандарди и ќе ги задоволува секојдневните потреби на потрошувачите од градот Велес и околината. Новата инвестиција на „Макпетрол“ доаѓа во годината кога компанијата одбележува 75 години постоење на македонскиот пазар, период во кој како лидер на пазарот со нафтени деривати континуирано се стреми кон унапредување на своите производи и услуги. На оваа бензинска станица достапни се ULTRA горива од новата генерација, неодамна унапредени со најсовремената Dual Action Technology која овозможува намалена потрошувачка и зголемена енергетска ефикасност. Покрај тоа, во состав на бензинската станица е Shop&Drive маркет со широк асортиман производи во кој потрошувачите може да се снабдат со сѐ што им е потребно.