ИЗВЕСТУВАЊЕ
до имателите на обични акции на Макпетрол АД Скопје
Се известуваат сите иматели на обични акции дека Друштвото, согласно Одлуката број 0201-38/2-2 од 30.5.2022 година, донесена на XXVI-тото годишно Собрание на акционери, ќе врши исплата на дивиденда во пари, во бруто-износ од 3.000 денари по акција, со датум на пресек на акционерската книга 21.6.2022 година.
Се известуваат акционерите кои немаат доставено податоци за трансакциската сметка, а заради исплата на дивиденда, да ги достават податоците до:
Макпетрол АД Скопје
ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр.4, 1000 Скопје
со назнака „за Сектор за финансии – за Акционерска книга“,
или на следните e-mail адреси:
marija.ljubinovska@makpetrol.com.mk
ljubica.tasheva@makpetrol.com.mk
Се повикуваат акционерите – физички лица да ги ажурираат своите податоци, вклучувајќи ја и адресата на живеалиштето, во Централниот Депозитар за Хартии од Вредност. Истата ќе се користи за уредна достава на пресметката на данокот на доход, на кој подлежи исплатата по основ на дивиденда.
Дополнително акционерите – физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да преземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП.
Сите дополнителни информации можат да се добијат на следните телефонски броеви:
02/ 3146 – 484
02/ 3146 – 481
Макпетрол АД Скопје